23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Почна реконструкцијата на булеварот Теодосиј Гологанов, рокот на изведба е пет месеци

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид на почетокот на градежните работи за изградба и реконструкција на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

„Градот Скопје почнува со изградба и реконструкција на бул

Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со булеварот Св. Климент Охридски до кружниот тек со раскрсницата на улицата М. Х. Јасмин. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4.500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф 600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветление со ЛЕД-светилки со контролери“, истакна градоначалничката Арсовска.

Со реконструкцијата се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.

„Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е 5 месеци, а Град Скопје за реконструкција на булеварот М. Т. Гологанов вложува 43 милиони денари. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите што редовно транзитираат во овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемуваат безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот“, изјави Арсовска.

Спонзорирано: