Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77. Генерално заседание на Обединетите Нации, оствари средба со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори.

На средбата стана збор за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст.

Воедно, беше реафирмирано силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК