Студениот бран што донесе снег во Македонија е проследен со ниски температури и во соседна Србија.
Утрово на Копаоник и Црни Врв биле измерени минус девет степени, додека температурата на Златибор се спуштила до минус шест степени.
Слаби снежни врнежи се регистрирани во повеќе места во Србија. Патниците што планираат да патуваат низ регионот треба да ги следат сообраќајните и метеоролошките известувања.


