Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Истражување на „Конрад Аденауер“: Иницијативата „Отворен Балкан“ ја поддржуваат 65,7 отсто од испитаниците

Во Истражувањето спроведено од фондацијата „Конрад Аденауер“ во рамки на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, 65,7 отсто од испитаниците го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не го поддржуваат, што значи дека за 50,7 отсто е поголем бројот на испитаниците што ја поддржуваат оваа форма на поблиска соработка помеѓу Македонија, Албанија и Србија.

Вкупно 50,4 отсто од испитаниците сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26,2 отсто сметаат дека е оправдана и прифатлива, што претставува сооднос од 2:1 во однос на првата група.

Според Извештајот, Русија е на второ место после Бугарија по негативни впечатоци кај македонското население.

Во однос на поддршката кон НАТО и ЕУ, 64,2 отсто од испитаниците го поддржуваат членството на Македонија во НАТО, што претставува сооднос од 2:1 во прилог на поддржувачите. Исто така, 56,2 процент од испитаниците сметаат дека со зачленувањето во НАТО, Македонија е побезбедна и постабилна, покажува истражувањето.

За членството на Македонија во ЕУ се изјасниле 63,8 проценти.

Можеби ќе ве интересира

17 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возила – еден предизвика сообраќајна незгода

ДЕСК

Акциска сообраќајна контрола во Скопје, санкционирани 105 возачи, 50 за возење без кацига

ДЕСК

„ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот

ДЕСК