Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

206 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 27 мерки за возење без возачка дозвола, четири мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 13 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, 12 санкции за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК