Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

269 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ФИЗИЧКИ НАПАД ПРЕД ПОЗНАТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – Кривична пријава против 38-годишен маж

ДЕСК

ГО ОДНЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД СОПРУГАТА – Кривична пријава против 22-годишник

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА УЛИЦАТА „КОРАБ“ ВО ПРИЛЕП – Пронајдена прашкаста материја кај прилепчанец, веднаш приведен

ДЕСК