5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Елегантни девојки пред „Сити мол“ го најавија отворањето на новата продавница TED BAKER

Сите што денес околу 10 часот се движеа по „Партизанска“ пред „Скопје сити мол“, можеа да ја видат преубавата екипа од четири елегантни патнички и еден шофер на автобус како „возат“ по тротоарите носејќи го исписот Ted Baker. Симболично, тие го најавија отворањето на ексклузивната продавница Ted Baker на новата локација на приземје во „Скопје сити мол“.

Приказната со автобусот е всушност и приказна на самата продавница. Ted Baker е познат по уникатното уредување на своите продавници низ светот, кое се приспособува на културата и животниот стил на земјата каде што се наоѓа. Секоја продавница е поинаква и посебна, па така и нашата, која впечатливо посетува на британски автобус. Купувачите влегуваат во заоблени врати, модните парчиња ги разгледуваат опкружени со автобуски детали, на ѕидовите има слики кои прават да се чувствувате како да се возите низ лондонските улици, а обувки можете да пробате седнати на вистински автобуски седишта.

Причината за овој изглед е тоа што по земјотресот во 1963 година, кога 80% од градот бил уништен, Англија донирала автобуси за Скопје, па Ted Baker во Македонија реши да „се облече“ како лондонски автобус, нешто што и ден-денес ги спојува Лондон и Скопје.

Од своето доаѓање во Македонија пред две години, Ted Baker нуди висококвалитетни, софистицирани парчиња англиска мода, претежно популарна кај кралското семејство и кај многу други познати личности. Од денеска, на новата привлечна локација, овие модни парчиња ќе им бидат достапни на сите луѓе од Македонија, кои сакаат видно да го изразат својот префинет моден вкус, вели Ангела Чушкова, регионален менаџер на Ted Baker за Балканот.

Брендот Ted Baker со децении е синоним за префинета елеганција и квалитетна облека која трендовскиот код го има вткаено во секој шев од своите колекции. Разиграните парчиња со живи бои во комбинација со смелиот дизајн го прават овој бренд вистинско модно патување. Името Ted Baker во светот на модата е присутно од 1988 година, а по основањето во Глазгов, со својот бескомпромисен квалитет и дизајн го освои целиот свет.

Свеченото отворање на новата продавница на Ted Baker во „Скопје сити мол“ ќе се одржи вечерва во 19:00 часот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Автобус се заби во продавница во Лондон, повредени 19 луѓе, меѓу кои и деца

M T