Од почетокот на декември во Македонија ќе се применуваат изменети медицински критериуми за утврдување на привремената неспособност за работа. Новините се однесуваат на постапките што ги спроведуваат матичните лекари и лекарските комисии при отворањето и продолжувањето на боледувањата.
Матичните лекари ќе ја задржат можноста да одобруваат отсуство до 15 дена, но за период подолг од пет дена ќе бидат потребни дополнителни медицински критериуми, зависно од здравствената состојба на пациентот. За боледувањата над 15 дена ќе одлучуваат надлежните лекарски комисии.
Од Фондот за здравствено осигурување претходно организираа и стручна обука за медицинскиот персонал. Измените не значат автоматско намалување на правото на боледување, туку поинаква постапка за негово медицинско утврдување.


