22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Христовски: Срамота е градоначалник да лаже – Арсовска ме избришала и на Facebook

„Беше многу специфична ситуацијата како по објава на еден портал без притоа да имаме некаков институционален одговор или некаква пријава, или барање до обвинителство, така само на една приказна да се разрешува директор. Па, нешто слично видовме и претходно и со директорот на Зоолошка, кој што слушнавме за некакво хранење на животни, па беше разрешен. Па тука е и пукањето на брат му на Зуди Кока, па беше разрешен. Некако многу бргу се разрешуваат директори. А, тоа што вчера го видов на профилот на градоначалничката Арсовска искрено ме изненади. Профил на личност на ниво на градоначалник да кажува таква лага на социјални мрежи искрено не беше за мене соодветно, само бев изненаден“, истакна Бојан Христовски во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

Христовски посочи дека си поднел оставка бидејќи не сакал да биде дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје.

„После тоа што го видовме, после тоа што се случи, не сакајќи да бидам дел од понатамошни евентуални монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје, воедно би кажал и за ситуацијата во Градски Паркинг соработката и несоработката со Град Скопје, едноставно решив јас и исто време и директорот на Дрисла, решивме да си дадеме неотповиклива оставка од позицијата. Едноставно тоа беше самоволно, самостојна одлука. Пишав статус на фејсбук и во исто време однесов документ со кој што и официјално, формално барам од Град Скопје да ми се прекине функцијата В.Д. директор во Градски паркинг“, појасни тој.

Тој додаде дека тоа што објавила градоначалничката на социјални медиуми е лага. Градоначалничката во ниту еден момент нема побарано од него да си поднесе оставка.

„Во овие осум месеци со градоначалничката имаме остварено тет – а – тет средби еднаш или двапати. Уште неколку пати можеби се имаме видено на заеднички состаноци и тоа е се. Нашата комуникација генерално се сведува на пишување на пораки“, рече Христовски.

Тој истакна дека градоначалничката дури го избришала од социјалните медиуми.