7. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

Со преминот на летото во есенските и постудените денови, телото доживува промени и му треба дополнителна сила за да се избори со вирусите кои ги носи оваа сезона.

Храната што ја јадеме редовно може да биде од голема помош овде.

За вас ги подготвивме првите пет намирници кои ќе го подобрат вашиот имунитет.

1. Карфиол
Карфиолот се смета за супер зеленчук. Содржи многу витамин Ц, како и влакна и фолна киселина. Покрај тоа, карфиолот содржи супстанции кои му помагаат на црниот дроб да ги неутрализира токсините.

2. Бобинки
Бобинки како што се јагоди, боровинки, капини, малини, цреши, вишни и црно грозје се одлични извори на многу корисни хранливи материи и антиоксидантни соединенија.

Овие слатки бобинки веројатно ќе бидат подобра опција од другите слатки јадења. Затоа следете ја сезоната, а во зима сите бобинки се лесно достапни замрзнати.

3. Риба
Лососот, туната и другите масни риби богати со омега-3 масни киселини можат да бидат корисен додаток на секоја здрава исхрана, бидејќи нашите тела не можат да произведуваат омега-3 масни киселини. Рибата е добар природен извор на овие здрави масти. Омега-3 може да помогне во намалување на маснотиите во крвта и намалување на крвниот притисок.

4. Лук
Лукот е стар начин на заштита на телото поради корисните состојки што ги содржи. Содржи фитохемикалии како што се алицин и органски сулфурни соединенија, а неговите антиинфламаторни својства се добри за целокупното здравје и имунитет. Може да се меша со друга храна, што го подобрува вкусот и ја намалува потребата од дополнителна сол.

5. Јаболка
Јаболкото е исклучително корисна храна која во својата кора содржи важна супстанца – пектин. Пектинот може да помогне да се намалат некои од факторите на ризик за оштетување на бубрезите, како што се високиот шеќер и холестеролот во крвта.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Сончево и посвежо време, температурата од 14 до 22 степени

M T

Оваа НАМИРНИЦА ја јадеме за подобар имунитет, а предизвикува ГОЛЕМА непријатност: Може да му наштети на организмот, особено на оваа група луѓе

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

До петок стабилно време, од недела заладување

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T