14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

СО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД ДО ЗДРАВЈЕ – Благодарение на овие 7 активности, телото ќе ви биде благодарно, но и паричникот

Постојат многу причини зошто возењето велосипед е подобро од возењето автомобил или јавен превоз, а фактот дека тоа е точно го потврдуваат се поголемиот број на велосипедисти и велосипедски патеки.

Возењето велосипед е еден од најлесните начини да ја вклопите некоја активност во вашата дневна рутина бидејќи, меѓу другото, тоа е и еден вид превоз. Покрај тоа, возењето велосипед заштедува пари, ве доведува во форма и помага да се зачува природата.

Ако размислувате да се приклучите на „велосипедското семејство“ или само сакате да се потсетите зошто го сакате велосипедот, прочитајте 7 причини зошто е добар велосипедот.

Ја подобрува менталната состојба
Истражувањата покажаа дека доброто чувство за постигнување оди рака под рака со физички активен живот. Возењето велосипед е комбинација од физичка активност и уживање на отворено. Дополнително, соло возењето е време кое можете да го искористите за да ги обработите сите грижи и проблеми, а можете да возите и со други луѓе и на тој начин да го проширите вашиот социјален круг.

(П)останете фит
Едноставна формула за слабеење е дека потрошувачката на калории мора да биде поголема од нивниот внес, а возењето велосипед е активност која согорува калории, приближно помеѓу 400 и 1.000 на час, во зависност од интензитетот на возењето. Ако се храните здраво, спиете доволно и сепак возите велосипед, килограмите треба да се отстранат.

Не ви требаат пари за гориво
Друга од многуте предности на велосипедот е тоа што практично не ве чини ништо, за разлика од автомобилот на кој му треба гориво за да работи. Со велосипед го движите телото, согорувате калории и заштедувате пари кои инаку би ги потрошиле на гориво.

Заштеда на време
Во време на густ сообраќај, честопати ќе стигнете на работа порано со велосипед отколку со автомобил. Освен време и нервози во редици, со возење велосипед ќе заштедите и на гориво, односно ќе ви се заблагодари паричникот.

Навигациски вештини
Во денешниот свет на навигација и мапи на Гугл, не е лошо понекогаш да се обидете да го изостри вашето природно чувство за насока. Можете да користите возење велосипед за да истражувате патеки и да работите на вашите вештини за мапирање.

Подобро спиење
Не пишуваме ништо ново кога велиме дека ќе спиете подобро ако сте уморни, а велосипедот е добар начин да го постигнете тоа.

Можеби ќе ве интересира

Само 15 минути: 5 причини зошто е доволен и краток тренинг

M T

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

ЕСМ: Продолжуваат активностите за ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола

M T

Вози Велосипед! Почитувај ги сообраќајните правила и прописи!

M T

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

РСБСП: Возете велосипед! Бидете внимателни и одговорни велосипедисти!

M T