Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Славески: Бев против тоа да застанеме зад Арсовска

Бев против ВМРО-ДПМНЕ да застане зад Арсовска како кандидат за градоначалник, вели претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески за Данела.

Тој денеска појасни дека во Советот досега биле прилично ефикасни.

„Досега сите точки на дневен ред се дискутирани и најголем дел се позитивни изгласани. Ова е сосема друга галаксија во однос на Собранието. Не ми е позната работата на администрацијата во градот, така што треба да оставиме време овие состојби да се стишат за да кажеме конечен суд. Уште кога ВМРО-ДПМНЕ размислуваше за кандидат за градоначалник, бев против тоа да застанеме зад Арсовска“, изјави Славески во вестите на Тв Сител.

Тој зборуваше за последните случувања меѓу кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во претпријатијата на град Скопје и градоначалничката. Некои се повлекоа, а Златко Перински, Арсовска го разреши од функцијата директор на Водовод и канализација.

Директорите ја обвинуваат градоначалничката Данела Арсовска за лошо раководење на градот, а таа вели дека тие „се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери“.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститори

ДЕСК

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

ДЕСК

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и годинава ќе постави садови за одлагање на органскиот отпад во пресрет на Курбан Бајрам

ДЕСК