4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Иницијативата на Мицкоски за Референдум е спротивна на македонскиот Устав

Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата:

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав и треба да се отфрли.

Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува со закон.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот, со единствена цел, само да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее.

Откако потонаа сите негови лаги со кои ги лажеше граѓаните, но и сопствените членови во претходниот период, оваа иницијатива беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на една екипа во неговото опкружување.

Иницијативата на Мицкоски е директно насочена кон попречување на патот кон ЕУ, против македонскиот јазик во ЕУ и против заштита на македонскиот идентитет, македонската посебност.

Мицкоски e против и ЕУ и НАТО, сака да застанеме, да се вратиме назад во едно време на застој и изолација.

Почнавме преговори со ЕУ како Македонци а нашиот македонски јазик влезе во ЕУ и враќање назад од тој пат нема.

Нашето членство во НАТО зависи токму од резолуциите и договорите кои се ратификувани во македонското Собрание. Некогаш ВМРО-ДПМНЕ беше партија која се грижеше за нашите државни стратешки интереси, гласаше резолуции, декларации за наше членство во ЕУ и НАТО, а денес со ова раководство прават се да го загрозат членството во НАТО и да го стопираат нашиот европски пат кон ЕУ.

Почитувани,

Предлагач на оваа неуставна иницијатива пред граѓаните, е токму човекот и партијата која НЕ ГЛАСАШЕ против Договорот за добрососедство во Собранието, дури не го удостои народот со став во собраниската сала, иако се платени од граѓаните, а сега сакаат пак да се сокријат зад народот.

Впрочем затоа и Мицкоски сакаше да ја префрли одговорноста на граѓаните а неговите пратеници не гласаа во Собранието. Само бараше и бара алиби за сопствените неуспеси. Затоа му текна после 5 години да се обидува со измама да оспорува Договор кој патем придонесе за нашето членство во НАТО и за кој тој самиот рече на добар бугарски јазик дека – го цитирам – „поткрепа се што е добро за двете части“.

Можеби тоа е за да го одвлекува вниманието на јавноста од неработата и криминалот на директорите и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Но, во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, крајно неодговорно, илузорно, би рекол недозволиво е да се потрошат 8 милиони евра за да се спаси Мицкоски.

Можеби Мицкоски и бизнис групата околу него го прават ова со надеж дека ќе предизвикаат штета и на тој начин ќе дојдат до власт, но овде е државниот и национален интерес во прашање. СДСМ нема да дозволи ретроградните сили да ја закочат иднината на македонските граѓани.