Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

220 санкции за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 220 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 81 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Затворска казна за адвокатот, обвинение за апелациониот судија

ДЕСК

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?!

ДЕСК

Се доградува објект во ОУ „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров, следната година се воведува едносменска настава

ДЕСК