4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
gir
МАКЕДОНИЈА

Гир за иницијативата за референдум: Да се избегнува се што може да ја попречи евроинтеграцијата

Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува – е одговорот на евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за организирање референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија

Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Евроамбасадорот Дејвид Гир, во интервју за „360 степени“, вели дека „добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколкупати кажа дека Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите“.

„Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува“,вели Гир.

Во првото интервју дадено по завршување на летните одмори и во пресрет на забрзување на скрининг-процесот, амбасадорот на ЕУ зборува за потребата од запазување на моментот со јулското отворање на преговорите, од обединување на сите домашни сили и фокусирање на заедничката цел – зачленување на ЕУ што е можно поскоро.

„Прашањето за уставни измени е суверена одлука што треба да ја донесе самата држава. Земјата веќе има добро досие за меѓуетнички односи, некои го сметаат за модел, така што, уставни измени дополнително би го засилило она што сте го направиле дсоега. Но, мислам дека повторно треба да се вратиме чекор назад и да се запрашаме – која е стратешката цел што земјата се обидува да ја исполни? Знаеме дека ова доаѓа од речиси целиот политички спектар – целта е пристапување кон ЕУ што е можно побрзо. И како што реков, тоа бара огромно инвестирање и вклученост. Ако тоа е стратешката цел и ако, како што рековте, за понатаму да се продолжи треба да се завршат уставни измени, а таква преземена обврска веќе постои, тогаш некој треба да се запраша – која е предноста да се продолжи по овој пат, дали тоа навистина ја унапредува агендата за ЕУ-интеграција? Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање“, вели амбасадорот Гир во интервјуто за „360 степени“.

Можеби ќе ве интересира

Тупанчески: Иницијативата за референдум има правни аномалии

M T

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

СДСМ: Идејата за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

M T