Centar.mk
danela arsovska
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Генералниот секретар на Град Скопје си поднесе оставка: Очекував повеќе од Данела Арсовска

Генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, кој на ова апозиција дојде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, си поднесе оствака со статус на Фејсбук во кој вели дека се разочарал од работата на градоначалничката Данела Арсовска.

„Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни. По речиси една година во Градот можам да кажам дека таму има поединци и професионалци вработени во градот кои со децении придонесуваат за развој на градот и им благодарам за соработката, пожртвуваноста и нивниот придонес. Но воедно залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат. Во таква една ситуација развојот на градот Скопје не е можен, иако граѓаните со право очекуваа по нејзиното стапување на функција многу повеќе„, напиша меѓудругото Велковски.

Тој додаде дека ќе продолжи да работи како член на Советот на Општина Чаир и дека ќе продолжи да го поддржува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Град Скопје денеска соопшти дека е разрешен Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, поради самоволие во јавната набавка на пречистителна станица за 136 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК