20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
Предлог за ручекКУЈНА

Ручек за најголемите гурмани: Пилешко со печурки и сланина во сочен сос

Рецепт кој често ќе го користите.

Никој не може да одолее на вака подготвеното пилешко.

Замислете само пилешки гради со печурки и сланина, во сочен сос кој само ја подобрува оваа комбинација на вкусови.

Со малку труд добивате гурмански ручек.

Состојки:

пилешки гради

300 гр печурки

2 листови сува сланина

1 голема пиперка

1 главица кромид

3 чешниња лук

3 лажици инстант сос од печурки

коцка сирење

200 гр кисела павлака

300 мл вода

масло, бибер, магдонос

Подготовка:

Месото исецкајте го на тенки парчиња и пропржете ги на масло. Се вади од тавата и се додава ситно сецканата чадена сланина да се растопи. Додадете исецкан кромид и бибер на мали коцки.

Се пржи додека не крамелизира, па се додаваат цели мали печурки, а ако се големи исецкајте ги.

Заварете со малку вода да омекне и да се залепи. Во сад ставете ја павлаката, инстант кремот и водата, измешајте и прелијте ги во готовите печурки.

Додадете сецкан лук. Вратете го месото и динстајте уште 10 минути. На крајот додадете рендано сирење, магдонос и мелен пипер.

Можеби ќе ве интересира

ИДЕЈА ЗА РУЧЕК – Кнедли полнети со мелено месо

M T

Брз, евтин ручек полн со витамини: Компири со зеленчук во рерна

M T

Кралицата Елизабета го откажа семејниот ручек во пресрет на Божик

M T

Гравче тавче за вечерата на Бадник – Еве и рецепт

CENTAR MKD

Неодолив ручек: Пилешко со јогурт

CENTAR MKD

Брз ручек со совршен вкус: Запечен компир со јогурт

CENTAR MKD