3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБИТЕ: Залудно гладувате и се мачите – Килограмите НЕМА ДА СЕ СТОПАТ без ова!

Ако планирате да се откажете од целта за слабеење бидејќи не гледате резултати, престанете. Можеби проблемот лежи во прашањата што следат подолу!

Дали сте решени да ослабете, да ја следите диетата и правилата, но слабеењето сепак не се случува? Одговорот може да лежи во причините за кои не сте знаеле. Постојат многу навики кои можат да настанат како резултат на дебелината, но и обратно.

Меѓутоа, што се случува кога слабеењето едноставно не се случува? За време на самиот процес на губење на тежината, разгледајте ги следниве прашања:

Дали генетиката може да влијае на вашата кондиција?

Едноставниот одговор е – да. Многу е можно да сте наследиле бавен метаболизам од вашите родители или баби и дедовци. За жал, овој тип на наследство не може да се контролира, а со побавен метаболизам ќе мора да работите двојно повеќе од оние со побрз метаболизам за да ослабете.

Дали го започнувате денот со појадок?

Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Можеби мислите дека прескокнувањето на појадокот ви помага да изгубите тежина, но всушност ќе бидете погладни и ќе јадете повеќе за ручек. Покрај тоа, студиите покажуваат дека прескокнувањето на појадокот е поврзано со дебелината. Наместо тоа, појадувајте еден час по будењето и јадете храна богата со растителни влакна и протеини кои ќе ве држат сити до ручек.

Дали полот влијае на слабеењето?

Истражувањата покажаа дека на мажите им е полесно да ослабат отколку на жените. Меѓутоа, резултатите покажале и дека кога жените слабеат, тие ја задржуваат подолго од мажите. Мажите слабеат во пределот на стомакот, но колковите и стомакот се најтешки за жените кога станува збор за слабеење.

Дали јадете пред спиење?

Ако сакате да грицкате нешто пред спиење, тогаш затоа не сте ослабеле. Ако јадете пред спиење, го отежнувате согорувањето на мастите. Најдобро е да вечерате два до три часа пред спиење. Сè помалку од тоа го зголемува шеќерот во крвта, што не е добро за вас ако сакате да изгубите тежина.

Дали стресот влијае на тежината?

Кога луѓето се под стрес, тие се потпираат на нездрава храна бидејќи тоа им дава задоволство. Нездравата храна предизвикува огромно зголемување на телесната тежина. Наместо да јадете под стрес, можете да медитирате или вежбате за да го елиминирате.

Можеби ќе ве интересира

Одење и слабеење – и тоа е можно: Со 5 совети согорете 50 отсто повеќе калории

M T

За да ослабите пијте го овој сок од само три намирници

M T

Досадата сепак не е толку лоша: Овие неколку причини покажуваат зошто

M T

Пет причини зошто жените избираат доминантни мажи: ЧЕТВРТАТА може да биде КЛУЧНА

M T

Ова се три најчудни начини за слабеење за кои ДУРИ и лекарите велат дека НАВИСТИНА делуваат

M T

Се дебелеете во СТОМАКОТ или во КОЛКОВИТЕ? – Еве што тоа кажува за вашето здравје и како да се ослободите од вишокот килограми

M T