21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Сакате ДОЛГОВЕЧЕН БРАК? Обрнете внимание на овие две работи!

Љубовните бродоломи се чести во вашиот живот, а сакате доживотен партнер? При изборот, обрнете внимание на овие две работи!

Кога барате личност со која ќе го поминете остатокот од животот, треба да обрнете внимание само на овие две работи.

Правило број 1. Од самиот почеток, сè мора да биде едноставно

Од моментот кога ќе се сретнете, сè мора да биде едноставно и лесно. Ако чувствувате дека можете да и кажете сè на таа личност, тогаш тоа е тоа. Ако лесно се согласувате за повеќето работи – не дозволувајте таа личност да си оди!

Тоа само значи добро. Комплицирано значи лошо.

Голема грешка е ако до себе имате личност која бара од вас да се менувате, да се прилагодувате, да правите работи што не ви се допаѓаат. Порано или подоцна ќе ви здосади да се менувате или нему да ве менува. Тоа заморува и не држи вода. Ако треба постојано да се докажувате на маж – тој не е за вас, барајте друг.

Правило број 2. Врската мора да донесе радост!

Ако не се чувствувате задоволни, среќни и исполнети во врската – бегајте веднаш! Ако страдате и плачете поради него, тој не е мажот за вас. Не размислувајте премногу: тоа едноставно не е нормално. Тоа е патот до пеколот.

Ако само една личност во врска носи смеа и забава, таа врска е исто така бесмислена. Многу луѓе со години молчат и страдаат во врска која не ги исполнува. Тие чекаат нешто да се промени. Но, таа промена никогаш нема да дојде.

Спонзорирано: