На 21.11.2026 во 22:55 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница лишија од слобода 65-годишник од Виница.
Претходно, тој управувајќи патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, во село Јакимово, виничко, учествувал во сообраќајна незгода, при што удрил во паркирано патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на лице од Виница, и го напуштил местото на настанот, а потоа управувајќи го возилото удрил во поставена патна сигнализација и бетонски ѕид, по што повторно го напуштил местото.
За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!
▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALASУживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.
Полициските службеници по преземени мерки за пронаоѓање на сторителот констатирале дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,12 промили алкохол во организмот.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.


