Centar.mk
МОЗАИК

Трик кој открива дали вашата коса е подготвена за промена

Чешлањето мокра коса, прекумерната употреба на пегла за коса и фигаро, честото боење придонесуваат за оштетување на вашата коса.

Кога ни треба промена, најчесто одлучуваме да ја смениме бојата на косата. Ништо не менуваме драстично, но промената е очигледна и се чувствуваме свежи. Меѓутоа, за да го добиеме посакуваниот ефект по боењето, главен предуслов е нашата коса да биде здрава и негувана.

Тест во три чекори:

1. Одделете едно праменче од косата со прстите и исправете го.

2. Посипете неколку капки вода на праменот и гледајте колку време и е потребно на косата да ја впие водата.

3. Ако косата впие вода за помалку од десет секунди, тогаш надворешниот дел од косата е оштетен и не е паметно да ја фарбате. Ако капките останат на праменот и по десет секунди, вашата коса е во добра форма и подготвена за експериментирање.

Совет:

За да и го вратите стариот сјај на вашата коса, неопходно е да ја минимизирате нејзината изложеност на високи температури. Особено, избегнувајте фенирање на косата веднаш по миењето, бидејќи косата е најподложна на оштетување кога е влажна.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК