10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАКУЈНАНАПРАВИ САМ

Оваа чоколадна торта од само 5 состојки е готова за неколку минути

Користете го омилениот намаз од лешник за да подготвите едноставна торта со само пет состојки, кој оди директно од блендерот во рерната.

Ќе ви требаат околу пет минути за да се подготвите, а вашата рерна ќе го направи остатокот.

Во секој случај, намазот треба да биде на собна температура, а бананите да се зрели и исечени на прстени.

По желба изладената торта посипете ја со какао и послужете ја со малку шлаг.

Состојки:

375 гр намаз од лешник
3 големи јајца
2 зрели банани
5 гр прашок за пециво
40 гр какао

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Подмачкајте, по можност долгнавеста тава за леб, но и онаа која ја имате може да послужи.

Излупете ги бананите и исечете ги на мали прстени.

Сите состојки се ставаат во блендер и се матат додека смесата не стане мазна.

Истурете ја смесата во калапот и печете околу 50 минути, додека чепкалка за заби вметната во центарот на колачот не излезе чиста.

Оваа торта ќе омекне малку додека се лади. Најважно е да ја исечете целосно изладена, така што парчињата се уредни и визуелно привлечни.

Тоа е тоа. Пријатно!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сите ќе ги сакаат: Чизкејк топчиња од само три состојки

M T

Леб од САМО две состојки – Брзо се прави, а нема да ви требаат брашно или квасец

M T

Решение за дамки од сонце: Потребни ви се само три состојки кои ги имаме во кујната

M T

Летен сладолед со само две состојки

M T

Дали косата брзо ви се мрси? – Ставете ги овие две состојки во шампонот, резултатот ќе ве ВООДУШЕВИ

M T

Инцидент во Лувр: Непознат маж ја намачкал „Мона Лиза“ со торта

M T