8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Важна вест за скопјани – од утре посебен режим на сообраќај три дена

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 06.09.2022 (вторник) и на 07.09.2022 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.