Centar.mk
РЕГИОН

Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

Црногорска државјанка која била член на екипажот на бродот „MV Hondius“, по пристигнувањето на Тенерифе била префрлена во карантин во Холандија поради сомнежи за хантавирус.

Епидемиологот Марија Божовиќ изјави дека жената моментално е во добра состојба и нема симптоми.

„Таа нѐ извести дека се чувствува добро и досега нема никакви знаци на болеста“, рече Божовиќ, пренесува „Б92“.

Таа додаде дека при транспортот биле спроведени строги превентивни мерки и дека немало контакт со други лица.

Според докторката, црногорската државјанка била тестирана веднаш по слетувањето во Холандија и резултатот бил негативен на хантавирус.

Сепак, ќе остане во изолација шест недели и ќе биде под здравствен надзор, бидејќи кај неколку патници без симптоми бил регистриран вирусот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – Над 6,5 милиони граѓани со право на глас во вториот круг

ДЕСК

ШЕСНАЕСЕТ МИНУТИ МОЛК ВО НОВИ САД – Две години по трагедијата, семејствата сè уште чекаат судска разрешница

ДЕСК

ДВЕ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД – Комеморација за 16 загинати, судските постапки сè уште траат

ДЕСК