Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, пронајдена дрога и украдени предмети, приведени две лица

На 31.08.2022 во 19.45 и 22.00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за внатрешни работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.Ж.(19) и Ф.Г.А.(27), двајцата од Скопје. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени 15 брендирани очила и други предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ која ја извршиле во оптика во трговски центар на подрачје на Аеродром на 20/21.08.2022. Исто така, при претресот кај Ф.Г.А. биле пронајдени и 64 пакувања со прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +