Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

НЕ УБИВАЈТЕ ПАЈАЦИ – Еве како тие можат да бидат многу корисни

Да видите пајак како шета низ вашата куќа, се разбира, не е пријатно, но научниците предупредуваат дека, колку и да е непријатно или страшно, не треба да го убиете.

Пајаците имаат многу голема и важна улога во природата и се дел од внатрешниот екосистем.

Научниците од Северна Каролина спровеле истражување во околу 50 куќи за да откријат какви видови пајаци живеат во домовите на луѓето и колку често ги има. Резултатите покажаа – буквално во секоја куќа!

Тие прават мрежа во аголот на собата и чекаат да се фати нивниот плен – штетници и инсекти кои носат болести. Освен што може да ве спаси од други инсекти, научникот Мартин Кнајфлер откри дека пресметките ја покажале глобалната важност на пајаците во намалувањето на популацијата на инсекти и одржувањето на природната рамнотежа.

Заклучокот е дека доколку се намали бројот на пајаците, ќе се зголеми бројот на инсекти кои вообичаено се нивна храна и кои, важно е да се нагласи, се многу поштетни и поопасни.

Можеби ќе ве интересира

Ден кога ситните детали ја менуваат големата судбина — хороскоп за 7 ноември 2025

ДЕСК

Дневен хороскоп за 6-ти ноември: На 6 октомври — вистината ќе има три фази! Кој знак ќе ја открие третата?

ДЕСК

5 ноември ќе ги подели знакoвите на добитници и губитници – ден со непредвидлив удар врз енергијата!

ДЕСК