6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

На 25.08.2022 во 13.00 часот во село Ваксинце, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес. Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници.

Претходно, на автопатот „Пријателство“, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на АРСМ и продолжил кон село Ваксинце. Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово. Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРСМ при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово.

Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК

Добра вест: Маж кој исчезна во Скопје пронајден од страна на полициски службеници

ДЕСК