Апелациониот суд донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со одлуката е преиначена првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор за измама и перење пари.
Ослободителната одлука ги опфаќа и Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и таткото на Јовановски. Според образложението, не е докажана измамничка намера, а неисполнувањето на договорните обврски само по себе не е доволно за утврдување кривична одговорност.
Пресудата не е конечна. Странките имаат право на жалба до Врховниот суд во рок од 15 дена од приемот.


