Centar.mk
вестИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

На државно земјиште со зеленило Пецаков сака да гради хотел по багателна цена

Пред советниците во Општина Охрид во петок ќе се појави предлогот на градоначалникот Кирил Пецаков со кој се предвидува просторот на поранешанта касарна во Охрид да стане хотел.

Просторот од над 21 илјади метри квадратни, кој сега е едно од последните големи зелени површини во градот, треба да добие хотелски комплекс со основа на градба од над 12 илјади метри квадратни, со што згаснуваат надежите на охриѓани за парк на ова место.

Наместо парк и место за рекреација, земјиштето кај старата касарна ќе стане бетонско здание, за кое општината планира да инкасира само 1.528.133 денари по основ на долготраен закуп.

Сумата за која општината планира да се откаже од зеленилото и да дозволи некој да изгради хотел, од само еден и пол милиони денари е прениска и навредлива за граѓаните, но и градот, како главно туристичко место во земјава.

Очигледно дека нечии бизнис интереси се ставаат пред интересите на охриѓани и Охрид, но и пред зеленилото во градот, кој мака мачи со прекумерната бетонизација.

Можеби ќе ве интересира

Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“

ДЕСК

Советникот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК