22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Интервентната полиција уапси познат насилник

На 23.08.2022 во 17.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста.

Имено првото кривично дело пријавениот го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје. Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје. Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот.

Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје во текот на денот со соодветен поднесок ќе го предаде М.Т. на ОЈО Скопје и тој во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

Спонзорирано: