Centar.mk
БИЗНИСвестИЗБОР

Ново поскапување на дизелот – Еве колку ќе чинат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Од 25.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)ч – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)ч – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,50 (денари/литар)ч – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)ч – Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,843%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Од комуникација до конкретна поддршка: Халкбанк за македонските земјоделци

ДЕСК

Energy Delivery Solutions Инфо ПоинтЧ Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 27 ноември 2026 изнесува 307,68 евра за мегават час, на МЕМО 293,55 евра за мегават час

ДЕСК

БРЗИ КРЕДИТИ, БАВНО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОЛГОВИТЕ – Треба ли Македонија радикално да го преиспита овој пазар?

ДЕСК