Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Охридскиот рамковен договор е важен документ кој донесе мир и ги отвори вратите кон евроинтеграциите

Соопштение на СДСМ:

Рамковниот договор, потпишан на денешен ден пред 21 година во Охрид, стави крај на конфликтот од 2001 година и отвори почеток на ново поглавје во политичкиот живот на Македонија.

Охридскиот рамковен договор е важен документ, неиздвоив дел од историјата на државата, договор, кој донесе мир, правична застапеност на заедниците во општестениот живот, соживот во мултиетничкиот карактер на македонското општество.

Тој е патоказот кон стабилната иднина, документ кој ги отвори вратите кон евроинтеграциите на државата и пример за надминување на поделбите.

Државата во изминатите две децении се издигна над поделбите, во општество пример за соживот, толеранција, социјална правда, еднакви можности за сите граѓани.

Денеска, благодарение на одговорните и државнички политики на СДСМ, Република Северна Македонија го живее концептот „Едно општество за сите“, како полноправна членка на НАТО, со започнати преговори за членство во Европската унија.

Денес нашиот територијален интегритет е заштитен од најмоќниот сојуз на светот, денес државата е еднаква со демократскиот свет.

По 21 година од потпишувањето на Рамковниот договор нема делби, туку инклузивно и мирно решавање на сите предизвици, посветеност на економскиот напредок и благосостојбата на сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК