3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Сериозни мерки за штедење во Германија: Сега ќе се загрева до максимални 19 степени

Температурата во јавните згради во Германија не треба да биде поголема од 19 степени.

Ова го изјави министерот за економија Роберт Хабек објавувајќи ја регулативата за заштеда на енергија.

Ќе објавиме прописи според законот за енергетска безбедност“, изјави Хабек за Зидојч цајтунг.

Зградите и спомениците, додаде, повеќе нема да се осветлуваат ноќе, а истото важи и за рекламите.

Хабек најави и поголеми заштеди на работните места, додавајќи дека за тоа се разговара со Министерството за труд и социјалните партнери.

Поради намалувањето на испораките на гас од Русија, тој минатиот месец ги претстави клучните точки од новиот пакет за заштеда на енергија.

Тој посочи дека е важно да се намали потрошувачката на гас во компаниите, деловните згради и приватните домаќинства.

Спонзорирано: