7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Овие лекови не треба да се земаат со банани, лиснат зеленчук, сирења и чоколадо

Експертите објаснија кои лекови не треба да се земаат со одредена храна.

Одредена храна може да се меша со лековите на рецепт, а многу луѓе не се свесни за потенцијалните опасности. Оваа информација може да се најде во упатствата за употреба што ги добивате кога ќе го земете лекот на рецепт во аптека, но може да се изгубат во сите други наведени информации. Експертите објаснија кои лекови не треба да се земаат со одредена храна.

Група лекови и сок од грејпфрут
Сокот од грејпфрут не треба да се зема со одредени лекови, вклучувајќи антихистаминици, статини и лекови кои го третираат високиот крвен притисок. Сокот дозволува поголем дел од лекот да влезе во крвта. Кога има премногу лек во крвта, може да имате повеќе несакани ефекти.

Разредувачи на крв и лиснат зеленчук
Лиснатиот зеленчук како спанаќот е богат со витамин К, кој може да се меша со разредувачите на крвта. Наместо целосно да го избегнувате овој зеленчук, лекарите препорачуваат да не претерувате за телото да може да ги балансира постојаните дози на витамин К. Секој ден треба да јадете приближно иста количина на храна богата со витамин К. На пример, ако јадете една порција брокула еден ден, треба да планирате да јадете една порција храна богата со витамин К следниот ден итн. Една порција на ден, неколку дена во неделата ќе помогне да се одржува конзистентен внес на витамин К.

Банани и АЦЕ инхибитори
Бананите, солта, портокалите и лиснатиот зеленчук не треба да се земаат со АЦЕ инхибитори, кои често се препишуваат за лекување на крвниот притисок или срцеви мани. Сите овие намирници се богати со калиум, кој помага да се обезбедат електрични сигнали до клетките на срцевиот мускул и другите клетки. Конзумирањето со овие лекови може да го зголеми количеството на калиум во вашето тело и да доведе до неправилно чукање на срцето или палпитации.

Антидепресиви и чоколадо, авокадо…
Еден вид антидепресиви наречен МАО инхибитори е опасен кога се меша со храна или пијалоци кои содржат тирамин. Тие вклучуваат пиво, црвено вино, чоколадо, преработено месо, авокадо и некои сирења.

Алкохол и кој било лек
Алкохолот никогаш не треба да се меша со лекови на рецепт, предупредуваат експертите. Ако земате антидепресиви, лекови против анксиозност (како ксанакс), лекови за дијабетес, лекови за настинка и грип, бета-блокатори или апчиња за спиење, може да завршите со главата во тоалетот! Исто така, алкохолот ќе ги зголеми несаканите ефекти на лековите, од вознемирен стомак до поспаност. Дијабетичарите може да имаат епизоди на низок шеќер во крвта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Ставете ги слушалките и опуштете се: Омилената музика штити од стрес и „нездрава“ храна

M T

Шефот на ОН за храна: Она што беше бран на глад сега е цунами од глад

M T

Болката е НЕИЗДРЖЛИВА, а вие не сакате да пиете ЛЕКОВИ? – Оваа ХРАНА функционира подобро од СЕКОЈА таблета

M T

Фестивал на храна и вино во Струмица на 7 септември во рамките на Отворен Балкан, во соработка со EXIT

M T