10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Залудно го чистите тоалетот ако ги направите овие две вообичаени грешки

Иако многумина ќе речат дека тоалетната шолја е највалкана, бројните студии покажаа дека често другите површини во домот се поголема закана за здравјето на луѓето бидејќи на нив обрнуваме помалку внимание и бактериите полесно се развиваат отколку на редовно исчистена чинија.

Тоа се, на пример, кујнски даски за сечење, кваки на вратите, кујнски сунѓери и слично, додека тоалетната школка многумина редовно ја чистат за да обезбедат висок степен на хигиенски услови во тоалетот.

Но, и да ја чистите тоалетната шолја секој ден, џабе е ако исплакнете по нужда и не го спуштите капакот, што е голема грешка.

Имено, бројни истражувања покажале дека кога ќе се испушти вода од котелот поради силниот притисок, капките можат да „летаат“ и до пет метри во воздухот или околината.

Тоа дефинитивно сакате да го избегнете, доколку не сакате ширење на бактерии.

Втората најчеста грешка е да не се остави четката за чистење на тоалетот да се исуши по употребата, туку да се врати влажна во садот.

На тој начин се создава совршена основа за бактериите да се размножуваат во голем број, а следниот пат кога ќе ја користите четката, ќе ги „намачкате“ од внатрешната страна на тоалетната школка.

После тоа, ако ја испуштите водата и не го спуштите капакот, капките вода со бактерии повторно ќе летаат наоколу.

Спонзорирано: