Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски и Апасиев се осамени против ЕУ

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се единствените политичари кои јавно се декларираа како анти ЕУ политичари, кои работат против интеграцијата на државата во ЕУ, соопшти СДСМ.

„ Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја. Денес, освен Апасиев и проруската Левица, никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба.

Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот. Мицкоски е осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ. Нивните деструкции и обиди за изолација на државата нема да успеат, нивните блокади повторно ќе бидат поразени од граѓаните“ се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МОТОЦИКЛИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СТУДЕНИЧАНИ – Сообраќајна несреќа меѓу „сузуки“ и автобус

ДЕСК

Фрчкоски: Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка, затоа се заканува на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, ЈО да реагира по 315 од КЗ

ДЕСК