Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Сме покажале дека партиски не ги делиме општините инвестираме рамномерно секаде

„Многупати сме покажале дека не ги делиме општините на мали и големи, на рурални и урбани, туку дека инвестираме секаде рамномерно, за да се развиваат сите општини. А Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива со новата локална власт предводена од СДСМ и Медат Куртовски“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањта за локалните избори во Маврово и Ростуше.

Тој додаде дека Владата и институциите предводени од СДСМ ќе ја поддржат посветеноста на градоначалникот Куртовски во име на граѓаните.

„Mаврово и Ростуше е посебна, уникатна општина која со својата природна раскошност, културна разноликост и традиција е препознатлив бренд на нашата држава и многу пошироко. Различните верски и етнички заедници кои живеат овде се богатство на државата и потврда дека концептот за едно општество живеел овде со векови и дека ќе продолжи да живее. Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ најави дека во програмата на градоначалникот Куртовски има многу капитални проекти од резервоари за вода и водоводи во Маврово, нови улици и паркинг во Ростуше и Скудриње, пат во Велебрдо, Присојница, Битуше, Јанче, реконструкција на училишни згради, осветлувања, спортски терени и многу други работи, важни за жителите на општината.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК