Centar.mk
РЕГИОН

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван силно, но не траел долго.

Исто така, очевидци наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и Тирана, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Убиен е 19-годишен доставувач на храна во Хрватска

C +

Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

C +

Пукање во кафуле во Хрватска: го убил шефот на крим полицијата, па се застрелал себеси

C +