19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Важно е Маврово и Ростуше да се развива како модерна, еколошка и европска општина

„Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали. Ве повикувам заедно да го избереме токму тоа“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањта за локалните избори во Маврово и Ростуше.

Тој ги повика граѓаните да го поддржат градоначалникот Медат Куртовски и да го изберат напредокот на оптината.

„Овде каде што имаме совршен спој на традиционалното и модерното, на ориенталното и европското да градиме општина која е дом за секој што тука живее, но за секој патник, за секој намерник, кој доаѓа овде. Локалните избори на 20 август се убава можност да покажеме дека сме сплотени дека сите заедно да избереме развојот и напредокот на Маврово Ростуше да продолжи“ рече Ковачевски.

Тој ги повика граѓаните да се вклучат во победата, да разговараат со нивните соседи, роднини и пријатели за да укажат што значи Маврово и Ростуше да продолжи по вистинскиот пат.

Спонзорирано: