17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ТЕМАБИЗНИС

И покрај добрата плата, вработените даваат отказ – А еве и зошто

Ако сакате да најдете работници, што е цел на сите, особено сега – поради недостигот на работна сила – тогаш овој текст би можел да биде за вас.

Работодавачите понекогаш мислат дека високата плата „решава се“, но излегува дека не е баш така.

Ова се некои од причините.

Дали имате тенденција да ги „оптоварувате“ добро платените работници со работа? Доаѓа момент кога сфаќаат дека високата плата повеќе не вреди за нивното здравје и исцрпеност на работа, па често се откажуваат. Принудувањето на работниците е генерално контрапродуктивно и долгорочно – му штети на работодавачот. Истражувањата покажаа дека продуктивноста на работа опаѓа ако работите повеќе од 50 часа неделно.

Секој вработен сака да слушне убав збор, да добива пофалби или награда за неговиот придонес во компанијата, а ако тоа не се даде или ако ги земате вработените премногу „здраво за готово“ – многу е можно тие да бараат подобра деловна можност, на друго место. Обидете се повеќе да се грижите за своите вработени.

Важно е да ги почитувате приватните обврски на вашите вработени, но и да ги исполнувате дадените ветувања. Доколку се игнорира овој збор, вработените добиваат впечаток дека не ги почитувате и дека ќе им биде тешко да напредуваат на даденото работно место. Исто така, имаат лабилно чувство за работата и компанијата во која работат ако видат како се унапредуваат луѓе кои „не заслужуваат“ такво унапредување.

Покрај тоа, работниците често одлучуваат да се откажат ако имаат мали шанси да ги подобрат своите знаења и вештини. Ова особено се однесува на најталентираните кадри, кои се стремат кон повисоки цели, желни за учење, нови предизвици и идеи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Ковачевски: Поголемата плата треба да биде поддржана со перформанси

M T

СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение

M T

МВР: Усогласување на минималната плата и покачување во септември за 5%

M T

Колку изнесува платата на војниците кои заминаа да војуваат во Украина?

M T

СДСМ: Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците

M T