Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Органите за спроведување на законот воспоставуваат Платформа за управување со кривичните истраги – преку отчетност до побрз прогон на криминалот

Директорот на Царина Николовски: Создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата, со што јасно покажуваме дека Македонија е доверлив и рамноправен партнер на ЕУ во борбата со организираниот криминал

Органите за спроведување на законот ја зголемуваат отчетноста за ефикасноста во гонење на криминалот. Со грант од ЕУ, Царинската управа заедно со Јавното обвинителство, МВР, Управата за финансиска полиција, УФР и Агенцијата за управување со одземен имот воспоставуваат дигитален Систем за управување со записи за спроведување на законот (LERMS) со кој се очекува зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот преку испорачување на мерливи резултати. Денеска директорот Бобан Николовски, заедно со државниот јавен обвинител Ненад Савески, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорите на останатите органи за спроведување на законот, потпишаа Меморандум за разбирање со што се поставува основата за негово функционирање. На свечениот чин присуствуваше и Роберта Кортезе, раководител на Сектор за владеење на правото, економски прашања и прекугранична соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Со овој чекор создаваме брз и нераскинлив синџир на правдата, со што јасно покажуваме дека Македонија е доверлив и рамноправен партнер на ЕУ во борбата со организираниот криминал. Преку максимална системска отчетност, брзи истраги и одземање на финансиската моќ на криминалот, не ја штитиме само нашата економија и нашата нација, туку ја штитиме и ЕУ и тоа треба да биде нотирано на највисоко ниво“, вели директорот Николовски, потенцирајќи дека Царинската управа годинава има поднесено 180 кривични пријави до ОJO и ОЈО ГОКК.

Со поднесувањето на кривичните пријави до надлежните обвинителства, ќе се води дигитален запис за истрагата, при што сите органи ќе имаат обврска да доставуваат навремени и точни статистички податоци за операциите што ги преземаат во рамки на истата, со што Царинската управа ќе има јасен увид во брзината на постапувањето низ сите јурисдикции. Преку зголемување на отчетноста во постапувањето се очекува зголемување на ефикасноста, но уште повеќе и зголемување на брзината во спроведување на операциите како клучно во онеспособување на криминалот.

фото Царинска Управа

Можеби ќе ве интересира

МИЛИОНСКИ ПРОВИЗИИ ЗА НЕПОВЛЕЧЕНИ КРЕДИТИ – ДЗР со наоди за железницата, претпријатието најавува мерки

ДЕСК

Гувернерот Славески на средба со претставници на пензионерите и директорот на ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

ДЕСК

Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, оди на повисока лидерска позиција во Дојче Телеком

ДЕСК