Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, соопшти МВР на 5 ноември. Седуммина управувале без положен возачки испит, а тројца со активна забрана.

Меѓу лицата без положен испит се 15-годишник од Скопје и 16-годишник од Батинци. Во оваа група е и 61-годишен жител на Блаце, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода.

Еден од тројцата возачи со забрана, 50-годишник од Штип, управувал и под дејство на алкохол. МВР најави соодветни кривични пријави по документирањето на случаите.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ПРИЈАВА ЗА МИЛИОНСКА ПРОНЕВЕРА ВО ТЕТОВО – Управител осомничен за присвојување пари од јавни давачки

ДЕСК