Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

ЕСМ: Приоритет ќе бидат граѓаните, вишоците електрична енергија може да се понудат на стопанството

На состанокот во Стопанската комора (СКСМ) во врска со снабдувањето со електрична енергија на големите производни капацитети во државатa, од страна на Комората беа предложени мерки до Владата со кои би им се олеснила состојбата на фирмите во однос на снабдувањето со електрична енергија.

Меѓу другото, како што информираат од компанијата, до АД ЕСМ е испратен апел доколку во текот на зимскиот период компанијата произведе вишок на електрична енергија, истата да се понуди во повластен пакет за домашните фирми кои трошат големи количини струја, а кои се во тешка состојба со оглед на тоа што се очекува електричната енергија да достигне уште повисоки цени од моменталните.

Генералниот директор, Васко Ковачевски, одговори дека АД ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси и го зголемува сопствениот ископ на јаглен, со цел да го максимизира производството, така што секоја количина над таа што е потребна за граѓаните, ќе има можност преку одреден модел да биде понудена на домашното стопанство. Ковачевски нагласи дека приоритет на ЕСМ е, пред се, да обезбеди електрична енергија за граѓаните, но и за преземените обврски за покривање на загубите во мрежа на МЕПСО и ЕВН Електродстрибуција, за која цел ЕСМ го зголеми производниот план за 2022 година за 20%.

АД ЕСМ обезбедува 100% од енергијата која ЕВН Хоум ја испорачува до домаќинствата и малите потрошувачи.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Нека е за многу години Света Петка

ДЕСК

ФАТЕН СЕРИСКИ ОГРАБУВАЧ НА ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ: Се бара притвор

ДЕСК