Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Подгответе се: Без вода дел од Скопје

Поради дефект на затворач со пречник од 80 милиметри на улицата „Франклин Рузвелт“ бр.50А, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“ до крстосницата со улицата „Орце Николов“.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите за отстранување на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, пак, информираат дека во среда на 27 јули поради уличен дефект на цевка со профил од 300 милиметри, лоциран на крстосницата меѓу улиците „Париска“ и „Хелсинки“, прекинато водоснабдување од 9:00 часот ќе имаат корисниците од улиците „Хелсинки“, „Париска“, „Варшавска“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и „Мексичка“, како и зградите на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од улицата „Париска“ до улицата „Лондонска“. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК