31.8 C
Скопје
10. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

(Фото) Голем пожар близу селото Ѓавото во Богданци – Силниот ветер ја влошува ситуацијата

Денеска, после пладне, беа пријавени неколку пожари на територијата на државата на отворен простор од којшто поспецифичен, според проширувањето, е пожарот за којшто известува Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица. Тој започнал како пожар в поле, а подоцна се проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.

Во гаснењето на пожарот прво интервенирале 12 пожарникари со 4 пртивпожарни ПП возила од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од Национални шуми подружница Гевгелија. Потоа, на помош, дошле од Општина Богданци, а и мештаните се вклучиле да помогнат за да се гаси.

Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа трнеста вегетација, локално позната како прнар, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавото за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и за селото Ѓавото. Затоа е побарано противпожарна помош за дејство од воздух, поточно да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места, што во моментот се остварува согласно стандардните оперативни процедури.