Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Села: Отворањето на преговорите со ЕУ се од витално значење и надеж за реформи во системот

Граѓаните на Северна Македонија воопшто и Албанците особено долго го чекаа овој прв конкретен чекор кон отворање на преговорите со Европската Унија, нагласува Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Алијанса за Албанците, се додава во писмената реакција, заедно со граѓаните, се радува на одржувањето на првата меѓувладина средба во Брисел, за којашто сите заеднички се жртвувавме, се ангажиравме и придонесовме да се исполни уште една наша стратешка дефиниција, по членството на земјата во НАТО.

„Отворањето на преговорите и членството во Европската Унија се од витално значење за Северна Македонија и единствената надеж за реформи во системот, борбата против криминалот и корупцијата, владеењето на правото, еднаквоста на граѓаните и народите, како и за подобрување на стандардот на живеењето и на економскиот развој на земјата“, потенцира Села во обраќањето по повод денешните случувања во Брисел.

И честитаат и на Албанија за овој, како што го нарекуваат, важен чекор и се радуваат на заедничкото патување кон големото европско семејство.

„Сега останува наша одговорност да ги исполниме стандардите, да ги спроведеме реформите, да го искорениме криминалот и корупцијата и да воспоставиме владеење на правото и европски вредности. “, Бескрајна благодарност до земјите членки на ЕУ кои и покрај многуте предизвици, грешки и неуспеси во управувањето во нашата земја, не се откажаа и им ги отворија вратите на граѓаните со надеж за иднината“, порачуваат од Алијанса за Албанците.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК