22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Во овој голем ден е вграден трудот и работата на сите граѓани и чинители од осамостојувањето до сега

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Првата меѓувладина конференција во Советот на Европската Унија изјави дека во овој голем ден за Република Северна Македонија е вграден трудот на голем број лидери на земјата, но и трудот и работата на сите граѓани.

,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вграден е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри на државата. Сите вработени во институциите кои работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите.

Ова е резултат и на големата одлука што граѓаните преку своите пратеници во Собранието ја донесоа во изминатите денови каде што многу јасно кажавме дека ние сме држава која што е Европа во мало и која што цивилизациски, историски и на секој друг начин припаѓа во ЕУ. Овој голем ден го започнавме со заедничка прес-конференција и состанок со претседателката на ЕУ, со премиерот на Албанија на чиишто граѓани исто така сакам да им го честитам почетокот на преговорите со ЕУ и со чешкиот премиер кој и претседава со ЕУ. Сакам да им се заблагодарам на францускиот претседател Макрон, на германскиот канцелар Шолц и на сите други претседатели и премиери на 27-те земји членки на ЕУ за што денес Република Северна Македонија ги започнува преговорите со ЕУ”, изјави Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Премиерот Ковачевски се сретна со раководството на Синдикатот на УКИМ

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T