20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Европа е нашиот дом, им честитам на сите граѓани

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.

„Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик. Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме.Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон. Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања“, вели Ахмети.

Притоа, во ниту еден случај, вели тој, не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени, додава Ахмети, на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори.

„Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна.
Ја користам оваа прилика да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедиме јасна перспектива, безбедност во земјата и регионот како и пошироко, а со една единствена цел за поголема благосостојба за идните генерации“, посочува Ахмети.

Според него, продолжуваме напред со целосна храброст, одлучност и максимална посветеност.

Можеби ќе ве интересира

Применете ги вечерва пред спиење: 10 кратки ФЕНГ ШУИ правила за вашиот дом

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Горниот дом на рускиот парламент ги ратификуваше договорите за влез на 4 украински територии

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T