23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Синодот на МПЦ-ОА: Историските прашања да бидат надвор од прговарачката рамка

Синодот на МПЦ-ОА излезе со соопштение во кое се осврнува на најновите случувања со македонско-бугарскиот спор. Тие очекуваат Владата во однос на спорот со Бугарија да го зачува идентитетот и јазикот и да изгради консензус околу францускиот предлог.

„Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка“ – се вели во соопштението на Синодот.

Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, на својата редовна седница, одржана вчера, разгледаl и повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвоиl годишните епархиски извештаи, како во татковината, така и во дијаспората.

Спонзорирано: