Centar.mk
фото Претседателски кабинет / 31.03.2026
МАКЕДОНИЈА

СРЕДБА СО „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ – Сиљановска во Брисел разговараше за реформите и евроинтеграцијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадори од групата „Пријатели на Западен Балкан“, соопшти нејзиниот кабинет на 5 ноември. Разговорите биле посветени на европската перспектива на регионот и на реформските обврски на Македонија.

Според соопштението, на средбата учествувале амбасадорите на Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Чешка. Претседателката оценила дека спроведувањето на Реформската агенда и усогласувањето со европските политики ја покажуваат посветеноста на земјата.

Сиљановска-Давкова изразила очекување проширувањето да остане меѓу приоритетите на идните грчко и италијанско претседателство со Советот на ЕУ. Во разговорите била нагласена и важноста на регионалната соработка.

Можеби ќе ве интересира

КУРШУМИ, ЧАУРИ И РЕМЕН ЗА МУНИЦИЈА ВО ДОМ ВО СКОПЈЕ – Кривична пријава против 44-годишник

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Петмина без положен испит, еден под забрана и еден под алкохол

ДЕСК

ОШТЕТИЛ СТАКЛО И СЕ ОБИДЕЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПРОДАВНИЦА – Приведен кичевец

ДЕСК